Бугарскиот суд го затвора македонскиот клуб во Благоевград

Уште не се средија впечатоците од Благоевград, а граѓанското здружение што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Бугарија заминува во ликвидација,пишува “360 Степени“.

-Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато, вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.

Независно од судските одлуки, градоначалникот на Благоевград вели дека отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ било приватен чин.

Back to top button
Close