Бугарскиот технички премиер: Успеавме да го заштитиме бугарскиот национален интерес во однос на Северна Македонија

Радев, на почетокот на овој месец во Блед за БНТ изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на тема Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува

 

Техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, денеска изјави дека техничката влада успеала да го заштити бугарскиот национален интерес во надворешната политика, особено во однос на Северна Македонија.

„Демонстриравме дијалог. Направивме се што е потребно. Ние ја аргументиравме нашата позиција пред нашите европски партнери, така што овој тип на однесување се заснова на принципиелна позиција, бидејќи зборуваме за нашето заедничко европско семејство. Кабинетот достојно го бранеше националниот интерес на Бугарија и претпоставувам дека во наредните месеци следниот кабинет ќе има слично однесување“,

изјави Јанев на прес-конференција попладнево, на која тој даде отчет за работата на техничкиот кабинет.

Претходно во Габрово тој изјави дека очекуваа да биде премиер и на следната техничка влада.

Бугарскиот претседател Румен Радев за 14 ноември ги закажа претседателските и парламентарите избори, откако по изборите во јули ниту една од партиите на кои им го додели мандатот на успеаја да формираат влада.

Токму Радев на почетокот на овој месец во Блед за БНТ изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на тема Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува.

„Ги повикав нашите европски партнери да не вршат притисок само врз Бугарија. Верувам дека со заеднички напори ќе постигнеме одржливи решенија, но тоа не може да се направи на сметка на бугарскиот национален интерес“,

вели Радев за БНТ.

Back to top button
Close