Бугарскиот Врховен управен суд не дозволи видеонадзор на парламентарните избори во недела

Бугарскиот Врховен управен суд денеска донесе одлука да нема видео надзор на парламентарните избори на 4 април, јави дописникот на МИА од Софија.

Судот одби да ја разгледа жалбата на една од партиите, која сакаше да остане во сила според претходната одлука на Управниот суд во Софија, која дозволуваше да има камери при броење на гласачките ливчиња по завршувањето на денот на изборите.

Централната изборна комисија на Бугарија и Комисијата за заштита на личните податоци поднесоа жалба до Врховниот управен суд.

Поради зголемениот интерес на јавноста во Бугарија за претстојните парламентарни избори, Врховниот управен суд го закажа предметот по оваа жалба многу брзо. Денеска требаше да се одржи рочиште, но бугарската Централна изборна комисија и Комисијата за заштита на личните податоци побараа случајот да не се продолжи затоа што не биле известени во рок од седум дена пред датумот на закажаното судско рочиште.

Комисијата за заштита на личните податоци побара за време на состанокот да побара од Судот на правдата на Европската унија во Луксембург да одлучи во врска со личните податоци дали тие не се прекршени. Од оваа причина, судот не продолжи со случајот и тој беше одложен за 14 април 2021 година.

Back to top button
Close