Бугарските медиуми информираат за потпишувањето на договорот помеѓу МИА и БТА во Рим

– Сите бугарски електронски медиуми известуваат за заедничката посета на престедателите на Северна Македонија Стево Пендаросвки и на Бугарија Румен Радев на Рим. Тие обрнуваат внимание на очекувањата од нивната посета на Ватикан и на Италија.

Како што известува дописникот на МИА во Софија, медиумите во Бугарија информираат дека директорите на Медумската информативна агенција – МИА Драган Антоновски и на Бугарската телеграфска агенција – БТА Кирил Волчев потпишаа Договор за размена на информации и професионална соработка помеѓу во присуство на претседателите Пендаровски и Радев. Пишуваат дека овој договор е во согласност со Договорот за пријателство помеѓу двете држави. „БТА и МИА ќе преземат ефикасни мерки за размената на информации да нема недобронамерна пропаганда и поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, што ќе ги нарушат односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“.

Претседателите на Северна Македонија и на Бугарија се во престолнината на Италија за заедно да одадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Back to top button
Close