Бугарските влади десеткратно ја зголемија бугарофобијата во С Македонија, смета бугарскиот професор Ќосев

Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри, вели бугарскиот професор Александар Ќосев кој смета дека треба да гледаме на малите работи што нè обединуваат, а не на оние што нè разделуваат

Бугарските влади во последните десет години направиja бугарофобијата во Република Северна Македонија десеткратно да се зголеми, смета бугарскиот професор Александар Ќосев, предавач по модерна културна историја на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, чии корени се од Дојран, пренесе БТА.

Според него, треба да гледаме на малите работи што нè обединуваат, а не на оние што нè разделуваат.

„Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри“,рече Ќосев.

Ова го истакна професорот Ќосев на  видеоконференција на платформата „Зум“ на која беа претставени новиот Клуб за бугарско-македонско пријателство и Повелбата за негово формирање.

Еден од основачите на Клубот, Атанас Шарков, на прес-конференцијата најави дека во рамките на Клубот ќе бидат формирани работни групи од експерти и професионалци во различни области – култура, образование, наука, кибербезбедност, заштита и борба против дезинформации, граѓанско општество и економија.

„Ќе се формира и историска комисија во сенка меѓу историчарите од двете страни“,рече Шарков.

Меѓу основачите на Клубот се и писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев, Тевелиева Маевлева, Драган Зајковски, како и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски

Back to top button
Close