Бугарско МНР: Спроведувањето на Договорот и протоколот не е формален услов за отворање и затворање кластери со Северна Македонија

Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка не соодветствува со Рамковната позиција од 2019 година, бидејќи имплементацијата на Договорот за добрососедство и Протоколот од чл. 12 не претставуваат формален критериум за отворање или затворање на поглавјата од преговорите.

Не е предвидена улога на Советот на ЕУ (т.е. Бугарија) во оценката дали РСМ го спроведува билатералниот протокол, а оваа оценка е препуштена на ЕК”, се вели во извештајот изготвен од бугарското МНР за односите со Северна Македонија и францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ што денеска го објави Дојче Веле

Во овој документ на бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, кој бил доставен до Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент се вели дека Софија не е среќна што има јасна формулација за македонскиот јазик.

 

Извештајот за кој станува збор е документ за односите со Северна Македонија и францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ и во него бугарската дипломатија ги анализира позитивните и негативните аспекти на пакет-решенијата предложени од Париз.

Притоа, треба да се има предвид дека извештајот од бугарското МНР е изготвен пред последните модификации на францускиот предлог, па затоа се оперира со терминот ,,протокол(и)”, кој формално отпадна од текстот на Преговарачката рамка и беше заменет со годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација (на Договорот од 2017 г., н.з.) согласно член 12.

 

Позитивните страни, како што објавува Дојче Веле, повикуваќи се на извештајот на бугарското МНР, се:

 

– Меѓу условите за мерење на напредокот на РСМ во претпристапниот процес е вклучено и спроведувањето на Договорот меѓу Бугарија и РСМ од 2017 година и Протокол(и) на заеднички состанок според член 12 од Договорот од 2017 година (кој треба да биде потпишан од двете страни).

– Засилен е текстот од став 47 во однос на следењето (од страна на ЕК) на заложбите на РСМ во однос на добрососедските односи и регионалната соработка. Во пракса, Комисијата се обврзува да известува, вклучително и за напредокот во имплементацијата на Договорот и билатералниот протокол, пред Меѓувладината конференција (IPC) ЕУ-РСМ.

– Воведено е барање РСМ да претстави посебен Акциски план за припадниците на националните малцинства или заедници (со разбирање дека Бугарите во РСМ се заедница, а не малцинство), во условите на кластерот „Темели”. Во нотата на Претседателството до КОРЕПЕР конкретно се наведува дека Акцискиот план ќе го придружува Патоказот за владеење на правото и ќе биде неопходен за отворање на кластерот Темели.

– Воведен е механизам за вклучување на Бугарите во уставот на РСМ.

Но, истовремено бугарските дипломати нотираат и минуси на францускиот предлог кои се косат со Рамковната позиција на бугарското Народно Собрание од 2019 година, меѓу кои клучна е чистото именување на јазикот како „македонски“, но и тоа што, имплементацијата на Договорот за добрососедство не претставува формален критериум за отворање или затворање на преговарчаките поглавја и кластери.

 

На негативната страна, според извештајот, се:

 

– Во Преговарачката рамка на француското претседателство се дозволува чиста референца за т.н „македонски јазик“. Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка не одговара на Рамковната позиција од 2019 година.

– Во став. 5 од Преговарачката рамка се воведува општо барање за имплементација од страна на РСМ на Договорот за добрососедство и на идниот билатерален Протокол од меѓувладиниот состанок согласно чл. 12 од Договорот за добрососедство, а во став. 47 од Преговарачката рамка се предвидува дека ЕК ќе поднесува извештај (во оригиналниот текст на Рамката се користи терминот ,,ќе информира”, а не ,,известува”) на секоја Меѓувладина конференција за неговата имплементација. Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка не соодветствува со Рамковната позиција од 2019 година, бидејќи имплементацијата на Договорот за добрососедство и Протоколот од чл. 12 не претставуваат формален критериум за отворање или затворање на поглавјата од преговорите. Не е предвидена улога на Советот на ЕУ (т.е. Бугарија) во оценката дали РСМ го спроведува билатералниот протокол, а оваа оценка е препуштена на ЕК. Треба да се напомене дека до 20 јуни 2022 година, билатералниот Протокол не беше потпишан од двете страни, а тоа е од суштинско значење за да се добијат гаранции за спроведување на долгорочни мерки, бидејќи претходниот не ги вклучува претстојните мерки за имплементација на Договорот.

Во став 35 од Преговарачката рамка се предвидува дека РСМ ќе „усвои“ Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата или заедниците, вклучително и на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, создавање ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на одговорни институции. Имплементацијата на овој Акциски план ќе биде предмет на постојан надзор и редовно ќе се дискутира на Меѓувладини конференции во текот на процесот на пристапување. Ставот 37 од Рамката воведува барање имплементацијата на Акцискиот план да биде меѓу средните индикатори во кластерот Темели (ова значи дека ако овој Акциски план не се имплементира, ниту едно преговарачко поглавје не може да се затвори). Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка се разликува од Рамковниот став од 2019 година. Воведен е зајакнат механизам за заштита на човековите права, кој може, со активна улога на Бугарите во РСМ, да придонесе за гарантирање на нивните права. Предложениот механизам, сепак, не предвидува експлицитно дека Акцискиот план ќе биде меѓу индикаторите за отворање на кластерот „Темели”. Во овој момент, не е јасно дали се очекува Советот на ЕУ да го одобри Акцискиот план (се очекува само PCM да го „усвои“), што би го ограничило влијанието врз неговата содржина.

И покрај добрите и лошите страни детектирани од Софија, генералниот заклучок на бугарското МНР, како што објавува Дојче Веле, е дека францускиот предлог треба да се прифати за Бугарија да ја искористи „добрата позиција” до која дошла.

линк до целиот текст

Back to top button
Close