Бугарското Министерство за финансии објави проширен список на санкционирани лица според „законот Магнитски“

Министерството за финансии на Бугарија објави проширен список на лица кои спаѓаат или можат потенцијално да спаѓаат во рамки на санкциите наложени од Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ) при Министерството за финансии на САД.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, првично објавената листа се состои од 64 компании поврзани со бугарските олигарси Васил Божков, Делијан Пеевски и Илко Желјазков.

Во проширениот список се вклучени 34 правни лица кои спаѓаат во ставот на физички и правни лица во сопственост, контролирани или управувани во текот на последните пет години од страна на лицата вклучени во списокот на ОФАЦ.

Министерството за финансии на Бугарија соопшти и дека списокот може да биде дополнет или коригиран по приемот на нови податоци или факти.

Back to top button
Close