Бугарското МНР го искара Рама за ексцентричноста и  „недостатокот на европски комуникациски вештини“

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ова го соопшти бугарското Министерство за надворешни работи во став по повод вчерашниот говор на албанскиот премиер Еди Рама кој блокирањето на европските интеграции на Севeрна Македонија и Албанија од страна на Бугарија го нарече „срамота“, а имаше и иронична забелешка пред Шарл Мишел, Фон дер Лајен и Макрон.

 

 

-Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Низ годините, немаше многу други гласови заедно со нас во оваа кауза. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај се, во име на заедничката европска иднина. Како одговор, ова  не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од шеф на влада. Жолчните навреди во толку низок јазичен регистар повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги прилагоди своите изразни средства на јазик што е соодветен за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ“, соопшти бугарското МНР.

„На ова ниво, повеќе од кое било друго, инсистираме да се почитува добриот тон на комуникација. На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија „Политичарите си заминуваат. Народите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не треба да биде оштетен од погрешната проценка на политичарите. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер“.

Back to top button
Close