Бугарското МНР не е против „модерни“ перцепции за идентитетот
Во врска со Извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за напредокот на Македонија реагираше и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Според реакцијата, Министерството ја зема предвид содржината на извештајот, вклучувајќи ги и проценките и наодите во врска со состојбата на европската интеграција на РСМ.
-Ја поздравуваме решеноста на АФЕТ да не биде вовлечен во шпекулативни националистички наративи поврзани со тврдења за „вековен македонски идентитет“, кои се спротивставуваат на европските вредности за инклузија и ги повредуваат чувствата и на Бугарите и на претставниците на другите заедници во РСМ, наведува бугарското Министерство за надворешни работи.
Па, додава…
-Бугарија постојано изјавува дека нема забелешки на современите „модерни“ перцепции за идентитетот на која било поединец или заедница – ова е прашање на личен избор. За жал, манипулативното толкување на овој став од страна на властите во Скопјe честопати служи како изговор за неисполнување на преземените обврски. Ова е една од причините за одложувањето на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. Нашите загрижености во врска со политиките на Република Северна Македонија се првенствено поврзани со две клучни прашања:
1. Гарантирање на правото на Бугарите во Република Северна Македонија на самоопределување, без страв од прогон и дискриминација;
2. Спречување на провокации против милиони бугарски граѓани – граѓани на Европската Унија – од кои многу се потомци на Бугари од географскиот регион Македонија.
Бугарија останува посветена на сите елементи од европскиот консензус од 2022 година, чија имплементација е единствена можност за европска интеграција на нашиот југозападен сосед. Оваа позиција е категорично потврдена со одлуките на Националното собрание од јуни 2022 година и мај 2025 година, стои во реакцијата на бугарското МНР.
Ако се толкува овааа реакција слободно можно е да се случи со помош на дипломатијата на ВМРО-ДПМНЕ, со која се фалат толку многу, по „северни“ да станеме и „модерни“ Македонци, заедно со „големиот успех“ да ни се признае македонскиот јазик и идентитет од ЕП. Како тргнало и идентитетот ќе добие толку додавки што нема да го собере во Уставот, како сите етнички заедници што ги изнапишавме во него и уште ќе ги множиме (nezavisen.mk)