Бугарското собрание не обезбеди кворум за повлекувањето на Пламен Николов од мандатар на владата

Бугарското Народно собрание не го обезбеди потребниот кворум за да го изгласа повлекувањето на Пламен Николов од мандатар на владата предложена од партијата „Има таков народ“, јави дописникот на МИА од Софија.

На овој начин ситуацијата стана уште посложена, а наоѓањето излез од неа ја принуди претседателката на Народното собрание Ива Митева да свика итен совет на координаторите на пратеничките групи на парламентарните политички партии.

Пратениците на 46. Народно собрание денеска мора да изнајдат излез од ситуацијата, откако најголемата партија во неа „Има таков народ“ направи правен преседан, повлекувајќи го својот кандидат за премиер Пламен Николов од постапката во последниот момент.

 

„Има такви луѓе“ ја напуштија пленарната сала и не учествуваа во денешната дискусија и гласање, соопштувајќи дека тоа што се случува е „фарса“. Според нив, повлекувањето на Пламен Николов од лични причини, како што и самиот посочи, е доволно за да се смета дека мандатот е неисполнет, а претседателот на Бугарија, Румен Радев, да ја продолжи постапката предавајќи го мандатот на следната најголема политичка партија.

 

 

Back to top button
Close