„Букинг“ ги предупреди корисниците дека е под хакерски напад

Платформата за онлајн резервации на сместување Booking.com ги предупреди своите корисници дека е цел на хакерски напад, во кој „неовластени страни“ добија пристап до неодреден број имиња на клиенти, контакт информации и податоци за резервации за сместување.

„Откако ја откривме активноста, презедовме мерки за да го ограничиме проблемот. Го ажуриравме ПИН-бројот за овие резервации и ги информиравме нашите гости“, според соопштението објавено од Гардијан.

Компанијата со седиште во Амстердам не соопшти колку луѓе биле погодени од хакерскиот напад, а нејзиниот портпарол рече дека хакерите немале пристап до „финансиски информации“.

Back to top button
Close