Булаев: Изведени масовни кибер напади врз рускиот систем за гласање

Врз рускиот електронски систем за далечинско гласање, како и врз Интернет страницата на руската Централна изборна комисија извршени се голем број масовни кибер напади, но тие  не влијаеја врз нивната оперативност, изјави денеска заменикот претседател на руската Централна изборна комисија ( ЦИК), Николај Булаев.

-Извршени се голем број напади, и на софтверскиот и на хардверскиот дел на комплексот, но заштитните системи успешно ги одбија сите напади, изјави Булаев за Тасс.

Кибер нападите не предизвикаа никаква штета на изборниот систем, додаде заменик претседателот на руската ЦИК.

-Системот работи нормално, без прекини, и во Москва и на федерално ниво, нагласи Булаев.

Денеска е втор ден од изборите за руската државна Дума, а гласањето завршува утревечер.

Back to top button
Close