Булеварот пред Собранието затворен за сообраќај

Улица 11 Октомври утрово веќе е затворена за сообраќај откако за во 12 часот денеска е најавен протест пред Собранието.

Затворени се улиците од крстосницата кај Црвен крст до деловниот центар „Палома бјанка“. Може да се забележи засилено присуство на полицијата во паркот Жена борец, околу Зелено пазарче, на Кејот и на плоштадот „Македонија“.

Пред Собранието по вчерашниот протест против францускиот предлог се поставени и шатори во кои беше најавено дека ќе преспијат дел од демонстрантите.

Во 13 часот во Собранието треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а потоа од 13.30 часот пратениците ќе расправаат за францускиот предлог. Обраќање пред пратениците ќе има и премиерот Димитар Ковачевски.

Back to top button
Close