Бунт во Мали, наводно уапсени претседателот, премиерот и неколку министри

Побунетите војници на Мали тврдат дека ги уапсиле претседателот Ибархим Бубакар Кејта и премиерот Боуно Цисе.

– Кејта и Цисе се под наша контрола, изјави неименван војник.

Тој додаде дека претседателот и премиерот на Мали се на пат кон воената база Кати, оддалечена 20 километри од Бомако, каде војниците денеска откажаа послушност и се одметна поради малите плати.

Претходно, локалните медиуми објавија дека неидентификувани вооружени лица го уапсија претседателот на Парламентот на Мали, Мусу Тимбина и министерот за економија и финансии Абдулај Дафе, додека западните медиуми јавија дека уапсена е и министерката за надворешни работи Камиша Камара.

Претходно, Владата на Мали ги повика побунетите војници на „братски дијалог со цел да се решат несогласувањата“.

Додека премиерот Цисе истакна дека „бунтот покажува одредено количество на фрустрација, за која можеби има и легитимни причини“.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска разговараше со претседателите на Нигерија, на Брегот на Слоновата Коска и на Сенегал и им даде „целосна поддршка за медијација“ за надминување на кризата во Мали.

Во меѓувреме, припадниците на опозициското движење „5 јуни“ повикаа на општи протести, а едно од главните барања е претседателот Кејта веднаш да поднесе оставка.

Кејта на изборите во 2018 година го освои вториот претседателски мандат. Граѓаните на Мали не се задоволнби поради корупцијата, лошото водење на економијата и влошената безбедносна ситуација.

Се уште не е познато колку војници учествувале во бунтот.

Back to top button
Close