Бура создаде хаос во Унгарија – најмалку 20.000 луѓе се без електрична енергија, многумина без вода
Државната служба за управување со катастрофи на Унгарија денес објави дека по силната бура до 06:00 часот утрово се регистрирани 9.752 инциденти низ целата земја, наведувајќи дека во 5.008 случаи противпожарните единици веќе ја нормализирале ситуацијата.
Во моментов, 21.765 домаќинства се без електрична енергија, а 16 населби во округот Хајду-Бихар беа без вода до вторник вечерта.
Националната противпожарна служба објави дека распоредила 502 членови на местата што биле на патот на бурата, а им помогнале 310 членови на доброволни противпожарни здруженија, 74 членови на локални противпожарни единици и 72 локални служби за итни случаи, објави MTI.
„Професионалната противпожарна служба на округот Хајду-Бихар е во постојана готовност од среда наутро, а окрузите Чонград-Чанад, Хајду-Бихар, Пешта и Саболч-Сатмар-Берег исто така добија засилување од помалку загрозените делови на Унгарија“, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба.
Во силната бура што го погоди Сегедин во понеделникот, бројни дрвја беа скршени, а една зграда остана без целиот покрив.