Бускетс: Сè поблиску е крајот на кариерата
Играчот од средниот ред на Интер Мајами, Серхио Бускетс, чиј договор со американскиот клуб истекува на крајот од оваа сезона, изјави дека е поблиску до крајот на кариерата отколку до продолжување на играњето фудбал.
„Сè уште не знам каква е мојата иднина во фудбалот. Но, во секој случај, се приближувам до пензија“, рече Шпанецот.
„Кога ја напуштив Барселона, знаев дека нема да се вратам во каталонскиот тим, ниту во Европа, бидејќи сум на одредена возраст. Многу сум поблиску до завршување на кариерата отколку до продолжување“, рече поранешниот шпански репрезентативец за американските медиуми пред претстојното полуфинале на Лига купот меѓу Интер Мајами и Орландо Сити.
Бускетс освои титули светски и европски шампион со Шпанија за која одигра 143 натпревари.ег