Бузаку за смената на Реџепи: Тој ќе се врати во ИВЗ по неколку месеци!

Во одлуката за разрешување на досегашниот поглавар на ИВЗ е вмешана политиката, а сето тоа е изведено во лична режија на самиот Сулејман Реџепи, изјави Скендер Бузаку за албанскиот портал „ПорталБ“.

Инаку, Бузаку веќе од лани бие институционална битка за преземање на челната позиција во ИВЗ, а сега вели дека за неколку месеци Реџепи повторно ќе се врати на својата досегашна функција.

– Негови луѓе се оние кои наводно го симнаа од функцијата и тие никогаш нема да направат реформи во ИВЗ. Целта е да се заштитат и да го прикријат криминалот. Потребно е да дадат отчет, затоа што со години го премолчуваат и го поддржуваат уништувањето на ИВЗ. Сите треба да поднесат оставка поради колапсот до кој ја донесоа институцијата – вели Бузаку.

Тој смета дека и изборот на гостиварскиот муфтија Шаќир Фетаху за в.д. вршител на должноста е незаконска, бидејќи, како што вели, во тек е судски спор за позицијата.

– Судскиот процес е во тек и ја чекаме одлуката. Назначувањето в.д. не е предвидено со Уставот на ИВЗ – вели Бузаку.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close