ЦЈЗ Куманово- седум новозаболени, оздравени 15 пациенти
– Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 15 пациенти.
– Сите новозаболени имале контакти со претходно заболени лица-изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи
Денеска, извршени се 50 тестирања од кои по 20 по „Мој термин“ и 30 епидемиолошки тестови.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.331, а во моментов активни се 294 случаи.