„Цар Борис“ ќе си го смени името, а Османи ќе се сретне со македонските Бугари

Очекував таа средба да биде со мене, а не во Софија или во Брисел, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со средбата со претставници на македонските Бугари за која пишуваат бугарските медиуми, пренесе Слободен печат.

– Таа порака ја упатувам постојано. Државјаните на Република Северна Македонија, без разлика на која етничка група припаѓаат, имаат своја влада и свои институции каде може да ги адресираат своите прашања и проблеми. Јас сум постојано отворен за средба со која било група наши државјани од која било етничка припадност. Овие денови имаше влошување на таа комуникација со Република Бугарија и чекам да спласнат емоциите за да може да се продолжи со нормалната агенда. Многу ни е важно пред светот да го задржиме тој имиџ на земја која има постигнато највиско ниво на индивидуални и колективни права на сите граѓани. Толку е инвестирано во таа цел и сите обиди да се се фрли дамка дека државата дискриминира некого по етничка основа тешко не погодува. Ние ќе продолжиме да ги негуваме тие вредности – рече денеска Османи.

Бугарската агенција БГНЕС утрово објави дека министерот Османи побарал средба со претставниците на македонските Бугари. Агенцијата наведува дека барањето за средба е на само една недела откако еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи разговарал со македонските бугарски лидери во Брисел кога „стана јасно дека во РСМ има институционална дискриминација и омраза кон македонските БугариМакедонските Бугари на Вархељи му посочиле бројни примери за слични акции и детаљно го опишаале нападот врз Христијан Пендиков во Охрид на 19 јануари. БГНЕС пишува дека тие го информирале Вархељи дека во Македонија не наидуваат на разбирање и желба за дијалог од страна на официјалните власти во Скопје.

(…)

„Слободен печат“ вчера објави дека охридското здружение „Цар Борис“ ќе го смени името и дека веќе ги поднело потребните докумети до Централниот регистар за да се усогаси со измените на Законот за здруженија и фондации, а битолското здружение „Иван Михајлов“ досега не поднело никакво барање до Централниот регистар. Од Централниот регистар велат дека охридското здружение пред три дена покренало постапка за да се усогласи со измените на Законот на здруженијата и фондациите.

повеќе

Back to top button
Close