Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари
Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари, информира Царинската управа.

Како што соопштуваат, при контрола на стока во транзитна постапка, биле откриени поголеми количини непрјавена стока која не била наведена во царинската декларација.
Станува збор за 750 килограми и над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 килограми брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 килограми печурки.
Непријавената стока е запленета, а против осомничениот, од страна на Одделението за истраги, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“. објави Скопје1.мк






