Царините на Трамп повторно важат, но привремено, одлучи Апелациониот суд
Апелацискиот суд на САД во четвртокот го прифати барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за привремено запирање на претходна пресуда со која беа укинати речиси сите негови предложени трговски царини.

Белата куќа, претходно најави дека ќе побара итна интервенција од Врховниот суд, ако не се запре спроведувањето на одлуката на Судот за меѓународна трговија.Апелацискиот суд нареди дека спроведувањето на таа пресуда е привремено стопирано додека не се разгледаат поднесените документи.
Питер Наваро, советник за трговска политика во Белата куќа, изјави дека администрацијата на Трамп ќе се обиде да ги наметне царините преку други средства доколку не ги добие правните битки