Царовска ќе се сретне со претставници на Националните инвалидски организации
– Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе се сретне со претставници на Националните инвалидски организации, родителите на деца со попреченост и децата, директорките на основните училишта со ресурсен центар и Националниот координатор на телото за проценка по МКФ.
Целта на средбата, како што соопшти МОН, е создавање инклузивно образование и објавените јавни повици за вработување на образовни асистенти кои ќе бидат поддршка на наставниците во работата со учениците со попреченост.