Царовска: Набавуваме 10.000 таблети за учениците
Министерката Мила Царовска во интервју за Сител рече дека Министерството за образование и наука ќе обезбеди 10.000 таблети за четвртоодделнците кои од септември ќе почнат да ги применуваат најавените дигитални учебници.
-Тоа значи за половината. Зошто? Зашто ова не е процес во оваа година и кој ќе заврши. Дури и да има повеќе од првиот период, за петто одделение со време ќе стигна, за шесто одделние ќе стигне. И тоа е осовременување на образовниот систем. Дури и од поголемите одделенија можат да изнајмат таблети од библиотеките, вели Царовска.
Вели дека учебниците нема да бараат посебни перформанси на технолошките уреди. Според неа, децата кои во моментот не користат технолошки уреди уназадуваат зад оние кои користат.
-Сите оние коишто не можат да си дозволат, за првпат, Законот гарантира дека државата или општина ќе им го обезбеди истото. Сега во моментот, ученикот кој нема дигитален уред има само книга, и далеку повеќе уназадува од ученикот кој има и таблет и книга и други можности за информирање. Токму затоа, со овој Закон ги изедначуваме правата на децата коишто досега немале можност да се сретнат со дигитални алатки и дигитална мултимедијална содржина, вели Царовска.
Уверува дека со новиот Закон децата ќе имаат многу поголема интеракција со наставникот, а учебникот може да биде презентиран на часот, но нема да постојано да се гледа во таблети.