Царовска: Поддршка и помош на лицата со попреченост за поголема инклузија во општеството 

 Носителката на листа на пратеници во ИE 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска вечерва се сретна со негувателките од „Хуманост” и персоналните асистенти на лицата со попреченост ангажирани преку Црвениот крст.

На средбата Царовска разговараше за социјалната реформа со која се воведоа персонални асистенти и нега во домашни услови, но и за следните активности со кои е предвидено отворање и развој на социјални сервиси на локално ниво.

Царовска на средбата истакна дека изминатиот период како одговорна влада која се грижи за сите граѓани подеднакво е направено многу за лицата со попреченост коишто ја добија потребната помош и поддршка значајна за поголема инклузија во општеството. На состанокот се зборуваше и за можноста негувателките за нега во домот да се лиценцираат исто како и персоналните асистенти за што трошокот за обуките и испитите ќе биде покриен од државата.

На ниво на држава во моментот 153 лица со попреченост користат услуга од персоналните асистенти.

Back to top button
Close