Царовска: Родителите да си побараат таблет од наставниците и да мотивираат да се користи дигиталниот учебник

Сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава, и учениците продолжуваат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни, а тоа го потврди и Министерството за здравство попладнево во својот извештај, за кој утрово дискутиравме и на Главниот координативен штаб, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Сѐ уште немаме интерна трансмисија на Ковид 19 во училиштата и тоа го кажуваат надлежните здравствени власти. Бројот на позитивни на дневно ниво се движи од 0,01% до 0,03 %, зависно од денот, но сепак имаме повеќе од 240 илајди ученици со физичко присуство кои се секојдневно во училница и овие бројки се навистина ниски. Многу е значајно медиумите и граѓаните и сите ние кои известуваме или имаме можност да известуваме за податоци да се држиме за она што го кажуваат надлежните институции и да го пренесувамедоследно како што е кажано без да се шири паника помеѓу граѓаните затоа што во моментот такво нешто не е потребно. Затоа што истовремена изолација на 25 или 10 ученици не значи дека сите се позитивни на Ковид, рече Царовска во Дневникот на ТВ Сител.

Според неа, учебникот е само едно наставно средство и помагало и наставата не е нужно поврзана со него.

-Меѓутоа треба да имаме и енциклопедии и друг тип на заедничка активност помеѓу учениците, интеракција помеѓу наставникот и учебникот – сето тоа е учење, и токму затоа сакаме и во новата концепција да поттикнеме да не се користи стриктен распоред. Најважно е да ги постигнеме излезните резултати од учење а не да се држиме во дадени формати и секое дете да се трудиме да го ставаме во калап и да му предаваме учебник, информира Царовска.

Царовска потенцираше родителите да бидат тие кои што ќе бараат од наставниците или од училиштата кои немаат дигитални уреди да ги набават.

-Во министерството имаме на располагање и таблети. Родителите да си бараат таблет и да го посочуваат и мотивираат ученикот да го користи дигиталниот учебник затоа што таму има содржина која што ќе му  даде можност да истражува, да решава квизови и сето тоа во интерес на учењето, рече Царовска.

Царовска истакна дека образовниот систем уште од јуни е подготвен со три резервни сценарија кои би се применувале доколку има потреба од нив.

Back to top button
Close