Царовска: Со ТДП на 15 јули заедно победуваме

– Носителката на листа на пратеници од ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска вечерва на средба со претставници од Турската демократска партија на платото кај Стоковна куќа Мост уште еднаш ја потврдија меѓусебната поддршка на претстојните избори.

– Изминатите две и пол години покажавме дека заедно можеме да направиме многу. Со ТДП ја продолжуваме соработката уште посилно во идниот мандат за којшто сум убедена дека ќе го добиеме на 15 јули, рече Царовска.

Царовска потсети на сработеното досега и за грижата за секој поединец.

– Воспоставивме модел што со кој ги штитиме работниците и генерираме повисоки плати и подобри работни места. Оваа држава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено. Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3 отсто споредено со 2016 кога беше 48,6 отсто. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите, рече Царовска.

Царовска рече дека СДСМ се грижи и за повозрасните. -Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Минималната плата ја зголемуваме до 40 отсто, а просечната плата до 30 отсто. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите, рече Царовска.

Back to top button
Close