Царовска: Студентите помогнаа да донесеме политики кои ќе го подобрат стандардот на младите

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска имаа средба со студенти, на која говореа за она што е направено во изминатиот период, како и за предизвиците што претстојат со цел да се подобри стандардот на младите во земјава.

– Студентите навистина помогнаа како млади луѓе, да донесеме политики кои ќе го подобрат стандардот на младите. Заеднички успеавме да ја донесеме младинската гаранција, да ја имплементираме и да имаме огромен успех. Ги постигнавме индикаторите што ги постигнуваат европските развиени земји. Од вкупно вклучени околу 20.000 млади лица минатата година повеќе од 6.300 млади лица веќе се вработија преку младинската гаранција, нагласи Царовска.

Таа посочи дека сакаат да ги видат младите и во реалниот сектор и затоа, како што истакна, е воведен младинскиот додаток од 3.000 денари како дополнување на нивната плата секој месец. Овој додаток го добиваат повеќе од 5.000 млади.

– Ова укажува дека нивниот животен стандард расте, но исто така тие имаат се уште предизвици. Зборувавме со нив кои се можностите за унапредување на читалните, на процесот на образование, на вклучување на повеќе демостратори и асистенти во високото образовение… Тие се онаа критична група на граѓани која треба заедно со сите нас да ги донесе промените во нашето општество, нагласи вицепремиерката.

Каевски изрази уверување дека во следниот период ќе продолжи заедничката соработка со младите и оти сето она што ќе се реализира, ќе доаѓа како идеја од младите. Тој изрази задоволство што денес младинската невработеност се повеќе се намалува и со тоа, како што рече, покажуваме дека имаме сериозен пристап кон најмладите.

– На младите им овозможивме голем број на попусти, поволности. Европската младинска картичка е нешто што се спроведе и од Агенцијата за млади и спорт дополнително голем број на претприемачки обуки и обуки во делот на ИТ вештини се со цел колку што може повеќе младите да ги направиме достапни на пазарот на трудот, односно полесно да најдат работа. Верувам дека заеднички во следниот период дополнително ќе ставиме акцент на студентите и на студентската инфраструктура, на студентските домови кои се важен предуслов студентите да имаат безгрижно студирање во нашата држава, рече Каевски.

Back to top button
Close