Царовска: Светот одамна применува модел на интеграција на предмети

Светот одамна ги спроведува овие концепти. Во сите развиени земји историја и географија се интегрирани тематски како научни дисциплини, постојат секако модуларно поставени, но темите кои ги разгледуваат тоа го прават заеднички и по двете науки и дисциплини за да може од фактографско да поминеме кон учење со размислување и критичко размислување, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Интеграцијата се прави за да може нашите ученици, идните продуктивните граѓани на оваа држава да донесуваат одлуки и главно да може некој како вашата партија се обидува да создава лажни вести да манипулира да може да проценат дали тоа е вистина или не вистина, рече Царовска.

Министерката истакна дека е пресреќна што за нацрт-концепција се дискутира многу.

– Имаме и академици и професори и наставници и директори и институции кои на прочитана концепција даваат конструктивни коментари за да таа биде подобра. Знаете зошто, заради тоа што оваа држава има во себе прогресивни сили кои ќе дадат сé за да го унапредат образованието, како основа на државата како основа на која ја покажува кој се залага за јавно добро, а кој се залага само за своите лични интереси, рече Царовска.

Таа истакна дека овој процес се води исклучиво транспарентно со вклученост на многу засегнати страни во дебатите наставници, директори, академици, професори, граѓански организации, меѓународни организации, пратеници.

Back to top button
Close