Царовска: Во мај и јуни поддржани над 5.000 занаетчии со мерката за субвенционирање на минимална плата

– Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска денеска се сретна со претставници на фризерските салони со кои разговараше за нивното работење за време на корона кризата.

Царовска на средбата истакна дека во изминатиот период Владата донесе три сета економски мерки со коишто освен микро, малите и средните бизниси беа опфатени и занаетчиите, односно самостојните вршители на дејност.

-Како одговорна Влада при носењето на мерките водевме сметка да бидат опфатени што поголем дел од бизнисите. Според последните податоци над 5.000 занаетчии во месеците мај и јуни ја искористија мерката за финансиска помош за исплата на плати од 14.500 денари. Со оваа мерка на занаетчиите каде што влегуваат и фризерите им овозможивме полесно премостување на периодот кога целосно не работеа, посочи Царовска.

На средбата се дискутираше и за идните предизвици и мерки за олеснување на работата на фризерите и другите самостојни вршители на дејност.

Back to top button
Close