Царовска: Врвен приоритет е да ја започнеме учебната година во услови на Ковид-19 и со заеднички заложби успешно да ја завршиме

Досегашната вицепремиерка за економски прашања Мила Царовска денеска ја презеде должноста министер за образование и наука од досегашниот министер Арбер Адеми.

„Царовска на средбата истакна дека нејзиниот врвен приоритет, а истовремено и приоритет на новата влада, е започнување на учебната година 2020/2021 во услови кога земјата се соочува со пандемија на ковид-19 од светски размери. Царовска на состанокот со Адеми рече дека ставот на новата влада е да ја започне учебната година на 1 октомври со комбиниран модел на настава. За таа цел веќе се подготвени и усвоени протоколи за учење со физичко присуство, а во тек е и изработка на единствена национална платформа за учење на далечина“, соопшти МОН.

Во соопштението на МОН се додава дека новата министерка за образование и наука смета дека треба да се најде баланс помеѓу заштитата на јавното здравје и учењето. Царовска порача дека со заеднички заложби успешно ќе се заврши оваа учебна година.

На нејзиното место како вицепремиер за економски прашања доаѓа Фатмир Битиќи.

Back to top button
Close