ЦДЦ: Ревакцинираните лица можат да патуваат во САД

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска издаде ажурирани упатства според кои целосно вакцинираните граѓани можат да патуваат во САД без да бидат тестирани за коронавирус или да заминат во карантин по пристигнувањето на дестинацијата.

Претходно, ЦДЦ ги предупредуваше дури и вакцинираните дека не треба да одат на непотребни патувања, но изјави дека ќе ги ажурира упатствата откако повеќе луѓе ќе се вакцинираат и откако ќе зајакнуваат доказите за тоа каква заштита даваат вакцините.

-Секој ден доаѓаат се повеќе податоци, а упатствата се менуваат врз основа на нив, изјави Али Кан, декан на колеџот за јавно здравје на Универзитетот во Небраска.

ЦДЦ вели дека речиси 100 милиони луѓе во САД или околу 30 проценти од населението, примиле барем една доза на антивирусната вакцина. Лицето се смета за целосно вакцинирано две недели по приемот на втората потребна доза на вакцината.

На луѓето кои не се вакцинирани, сепак, им се препорачува да избегнуваат непотребно патување.

Целосно вакцинираните лица, сепак, треба да носат маски, да држат социјална дистанца и да избегнуваат гужви, наведува ЦДЦ.

За меѓународни патувања, агенцијата наведува дека луѓето кои се вакцинирани пред заминување не треба да бидат тестирани за Ковид-19, иако тоа може да биде потребно за некои дестинации.

Вакцинираните лица се уште треба да имаат негативен тест за Ковид-19 пред да влезат во авион за САД и да бидат тестирани три до пет дена по враќањето. Тие не треба да одат во карантин.

Во внимателното упатство за патување надвор од САД, ЦДЦ посочува на потенцијално појавување на нови видови на вирусот и разликата во опфатот на вакцинацијата во различни делови на светот.

Back to top button
Close