Cдсм и ВМРО ДПМНЕ со соопштенија се караат кој е виновен за хаосот во Скопје утрово

Скопје блокада/ Фото Слободен печат

Владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово си ја префрлаа вината за хаосот кој настана во Скопје со блокадата на неколкуте булевари во македонската метропола

„Неспособноста на локалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос и нефукнционалност, јавниот превоз е во колпас. Во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, блокирани улици, приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје“ се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак велат дека СДСМ и градоначалничката Данела Арсовска стојат зад хаосот во Скопје.

„Грабежот на Скопје е заеднички организиран од Ковачевски и Арсовска. Арсовска ги малтретира работници и го загрозува јавниот превоз во Скопје“ обвинуваат од опозицијата.

Утрово на неколку булевари во Скопје настана хаос откако или поради најавените протести на приватните превозници или поради санирање на улици настана голем сообраќаен метеж.

Back to top button
Close