ВИДЕО: Цеца со исвиркување избркана од сцената во Велес, откако подигна бугарско знаме наместо македонскo
Концертот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, одржан вечерва во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент кој предизвика бурни реакции во публиката и на социјалните мрежи.

Според видеата што кружат онлајн, за време на настапот Цеца во еден момент подигнала бугарско знаме, потег кој веднаш ја подели публиката. Дел од присутните ја исвиркале и реагирале бурно, додека други го напуштиле концертот во знак на протест.
Настанот, кој беше најавен како музички спектакл, неочекувано доби политичка димензија и отвори нова лавина од коментари и полемики на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста го осуди гестот како провокација, додека други го оправдаа како дел од сценскиот настап.
Организаторите засега не се огласиле за инцидентот, а видеата од моментот на подигањето на знамето за кратко време станаа вирусни
СКАНДАЛ во Велес: Цеца го разви бугарското знаме pic.twitter.com/EIR8rFAkEK
— Булевар.мк (@bulevarmk) October 31, 2025
Видеото погледнете го тука
Извор: skopje1.mk






