По 80 илјади евра за семејствата кои имаат загинат во „Пулс“, работен ангажман за родителите, покривање трошоци – што има во законот за Кочани
Соопштение на СДСМ:
Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани што се случи на 16 март во која кога животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени.
Овој закон предвидуваше сеопфатна, праведна и итна поддршка за жртвите, преживеаните и нивните семејства, со конкретни мерки и гарантирани права. За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против – со што свесно ги ускратија семејствата од правична и заслужена поддршка.
Еве што точно одбија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:
*80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата – еднократен паричен надомест за душевна болка и нематеријална штета
*Финансиска поддршка за повредените според степен на инвалидитет– од 1.200.000 до 5.000.000 денари, во зависност од утврдениот степен
*Покривање на трошоци за лекување – дома и во странство – хируршки интервенции, психолошка рехабилитација, лекови, помагала, сместување и транспорт
*Образовна поддршка за ученици и студенти– онлајн настава, ослободување од приемни и матурски испити, стипендии до крај на студии
*Платено отсуство за родители на повредени деца – најмалку 6 месеци платено отсуство и можност за продолжување по лекарска препорака
*Скратено работно време за родители до една година – со покривање на придонеси за родителите кои работат во приватниот сектор
*Психосоцијална и правна помош – за повредените и за семејствата на загинатите, најмалку една година
*Домашна нега и поддршка од социјални работници– за лица со инвалидитет стекнат од несреќата
*Државна поддршка за преквалификација и самовработување – за повредени кои не можат да се вратат на претходното работно место
*Можност за адаптација на домот и набавка на возило– за лица со траен инвалидитет
*Воспоставување на независна Комисија за проценка и следење– со стручњаци, претставници на институции и членови од семејствата на жртвите
*Законот е применлив и за претходни трагедии со македонски граѓани– Ласкарци (2019), Тетово (2021), „Струма“ во Бугарија (2021)
Во прилог ви го доставуваме и целосното законско решение. (ЛИНК)