Цело население во Хонг Конг ќе биде тестирано на коронавирус

Хонг Конг во март ќе го тестира целото население од 7,5 милиони за коронавирус, соопшти денеска извршната директорка на градот Кери Лам.

Во услови кога градот се бори со најтешкиот бран досега, предизвикан ид варијантата омикрон, властите одлучија населението да биде тестирано три пати во март, а капацитетот за тестирање да се зголеми на милион или повеќе луѓе дневно. За популацијата од седум милиони тестирањето ќе трае една недела

Хонг Конг евидентира околу 5.000 нови инфекции со коронавирус дневно од 15 февруари, што почна да го оптоварува здравствениот систем. Откако почна сегашното зголемување на бројот на заразени на почетокот на годината, градот регистрираше речиси 54.000 инфекции и 145 смртни случаи.

Back to top button
Close