Целосно уништена иранска воздушна база, соопшти израелската армија
Израелската војска соопшти дека вечерва уништила „десетици цели“ поврзани со иранскиот противвоздушен систем и нападнала ирански воздушни бази во западниот дел на земјата.
Според нивното соопштение, изутринава биле нападнати базите во Хамадан и Табриз, при што базата во Табриз е „целосно уништена“.
– Израелската војска е подготвена да продолжи да дејствува по потреба, се наведува во соопштението.