Целта на здруженијата кои се формираат се асимилација и промоција на фашизмот и нацизмот, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека за Законот за здруженија и фондации, СДСМ три месеци лажеле дека формираат нов Закон, а откако се видело дека во Македонија се отвораат културни друштва кои носат имиња на нацисти и фашисти, ВМРО-ДПМНЕ подготвил Закон кој е влезен во собраниска процедура за кој досега нема слушнато ниту една забелешка од страна на Владата на текстот на Законот.

“Доколку поднесат забелешки, спремни сме да разговараме но суштината е да не ни се случува она што денеска ни се случува. Тоа е да се формираат здруженија кои се со една цел, а тоа е асимилација и промоција на фашизмот и нацизмот кои македонскиот народ заедно со останатите граѓани во Македонија за време на Втората светска војна го порази. Тука мислам пред се на бугарскиот фашистички окупатор” кажа Мицкоски.

За извештајот на Европската комисија, Мицкоски вели дека наместо на реформи, претставиците на власта се фокусирани на лажење и крадење и на потпишување на предавнички договори, по што се гледа дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување.

„Овој извештај е класичен пример на сите лаги на власта дека се фокусирани на европската агенда. Тие се фокусирани само на лажење и крадење и потпишување на предавнички договори. И претпоставувам во нивната матрица тоа претставува напредок кон Европската Унија. За разлика од вистината содржана во извештајот каде што повеќе од 35 поглавја констатирани се назадувања и тоа навистина е поразително за Македонија, за владата, за сите нас“кажа Мицкоски.

Мицкоски изрази надеж дека набргу оваа влада ќе биде минато и дека на чело на Македонија ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги води онака како што треба патот до членство во ЕУ.

„И се надевам дека набргу оваа Влада ќе биде веќе минато и ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која што ќе биде по амбициозна и навистина ќе го изоди како што треба патот кон полноправно членство во рамките на Европската Унија“рече Мицкоски.

За вчерашниот состанок на ДУИ, тој вели дека не сака да коментира за случувањата во други политички партии бидејќи според него тоа е нивна внатрешна работа, но се надева дека бргу ќе ги надминат недоразбирањата и дека ДУИ ќе стане партија која ќе работи во интерес на граѓаните на Македонија а не за сопствен и партиски интерес. Воедно кажа дека она што е заедничко за Владата на СДСМ и ДУИ во моментот се лошите политики и кажа дека на земјата и е потребна нова Влада.

„Се надевам дека овие случувања таму тие ќе излезат поспремни и поамбициозни да работат навистина за граѓаните на Македонија без разлика дали тие граѓани се од опозицијата или власта, или без разлика дали се партиски определени или не, дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати, важно е во овие тешки времиња на граѓаните да им понудиме решенија за напластените проблемите, а такви ги има многу”рече Мицкоски.

Прашан за евентуални кадровски измени од ДУИ во Владата, тој посочи дека треба да се промени владата, парцијални промени во влада не се решение за проблемите.

„Колку побргу владата се промени и дојде нова влада која ќе го има народниот легитимитет, толку побргу на Македонија ќе и тргне”bизјави Мицкоски.

За грејната сезона тој кажа дека власта не е подготвена бидејќи работи само за свои лични интереси и продолжуваат со тендери во четири очи.

„Суштината е дека не се подготвени и дека продолжуваат со тендерите во четири очи, продолжуваат да работат за свој личен интерес. Ќе ве потсетам, не само сега и пред неколку дена кога температурите беа според правилникот на Регулаторната комисија за енергетика, беа такви да мора да биде пуштено парното греење, скопјани останаа со ладни радијатори, со исклучок на неколку стотици домови кои што се снабдуваат во реонот на Скопје Север и Чаир кој што се снабдуваат од таа топлана кои што имаа малку млаки радијатори“рече Мицкоски.

Back to top button
Close