Цената на нафтата под 68 долари

Цените на нафтата се задржаа под 68 долари, поради пригушените стравувања од прекини во снабдувањето од Блискиот Исток и сигналите од водечките производители дека би можеле да пласираат повеќе барели на пазарот на крајот на летото.

На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше речиси иста како и на крајот од тргувањето на крајот од минатата недела, на 67,64 долари. Немаше значителни промени на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по 65,39 долари.

Стравувањата од прекини во снабдувањето поради израелско-иранската војна беа ублажени со прекин на огнот кон средината на минатата недела, а вниманието на трговците повторно се префрли на понудата и побарувачката.

Податоците за залихите во САД покажаа нагло намалување на залихите и зголемена обработка во рафинериите на почетокот на летната сезона на возење, а инвеститорите беа охрабрени и од бранот кинески купувања на иранска нафта.

Водечките производители во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се подготвуваат да ја зголемат понудата во август, повторно за 411.000 барели дневно, изјавија четири извори за Ројтерс минатиот петок.

ОПЕК+ внесе дополнителни 411.000 барели на пазарот и во мај и во јуни, и веќе ја објави својата намера да продолжи да го „зголемува“ снабдувањето со исто темпо во јули. Групата ќе разговара за политиката на производство на својот редовен состанок закажан за следниот понеделник.

Back to top button
Close