Цената на нафтата расте трет ден по ред
Нафтата продолжува да расте поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, додека приносите од американските обврзници достигнаа највисоки нивоа во речиси две децении.

Цените на нафтата, пораснаа трет ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми за 0,64 проценти, на 91,60 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,74 проценти, на 85,55 долари.
А на валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути не бележи поголеми промени.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 99,65 поени, додека вчера во ова време беше 99,63 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 159,65 на 159,35 јени.
Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1585 долари, додека вчера во ова време беше 1,1575 долари






