Цената на златото расте, низ историјата се покажало дека тој тренд испраќа силен сигнал
Цената на златото е во пораст во последните неколку месеци, и ги надмина сите очекувања на финансиските пазари.
Банките купуваат рекордни колечини, додека инвеститорите и луѓето го гледаат повторно како најсигурно вложување во време на неивезност.
Меѓутоа овој тренд на пораст на цената на златото се случувал, и секој тренд претходел на длабоки, општествени, како и политички и систематски промени.
Она што денес се случува на светските финансиски пазари не е обична ценовна флуктуација, туку симптом на подлабоки економски процеси. Сè повеќе држави ја пренасочуваат својата доверба од хартиените пари кон благородните метали.
Златото, традиционално сметано за најсигурно прибежиште во време на неизвесност, повторно ја презема улогата на индикатор за страв и нестабилност. Гледано низ историјата, токму златото прво реагира пред институциите, политиката и јавноста и дава сигнал дека во системот се појавуваат тектонски промени.
Експертите предупредуваат дека овој тренд не треба да се игнорира, бидејќи цената на златото често е првиот гласник на глобални економски потреси. Затоа, како што велат аналитичарите, вреди внимателно да се анализира растот.
Историјата нè учи дека секојпат кога општествата се соочуваат со неизвесност и распад на довербата, златото станува центар на вниманието. Од Европа во 16 и 17 век, преку револуционерна Русија и воената Кина, па сè до модерните финансиски кризи, покажано е дека благородниот метал го менува светот.
Со пристигнувањето на шпанските и португалските бродови натоварени со злато и сребро од Новиот свет, Европа доживува „ценовна револуција“. Во пресрет на Октомвриската револуција, руската економија колабира под тежината на војната и гладот. Довербата во рубљата исчезнува, а златото станува единствената стабилна вредност. За време на јапонската инвазија и политичката нестабилност, кинеската валута ја губи својата вредност. Народот ги претвора заштедите во злато, кријќи го во домови и храмови. Кога режимите се менуваат и границите се прецртуваат, златото останува единствениот вистински симбол на доверба и стабилност. Со одлуката на американскиот претседател Ричард Никсон во 1971 година да ја прекине поврзаноста на доларот со златото, светот влегува во нова монетарна ера. Цената на златото нагло расте, додека инфлацијата во САД и Европа излегува од контрола, а инвеститорите повторно се враќаат на златото. Од Големата рецесија во 2008 година до банкарските потреси во 2023, секој удар врз глобалната економија носи ист познат одговор – скок на цената на златото.
Денеска растот на цената на златото не е знак на изобилство, туку на глобална нестабилност. Централните банки купуваат рекордни количини, инвеститорите бегаат од ризични пазари, а довербата во хартиените пари се губи. Историјата повторно зборува низ златото и ако се верува во историјата неговиот сигнал е јасен: старите темели се нишаат, а новиот свет доаѓа побрзо од што мислиме.