Цените на становите во Скопје пораснаа за 13,3 проценти

Народна банка ги извади најновите податоци за цените на становите за вториот кваратал од тековната 2026 година. според нивните податоци, во текот на второто тромесечие цените на недвижностите се зголемиле за 13,3 отсто на годишно ниво, додека споредено со претходниот квартал растот е 5,5 проценти.
– Индексот на цени на станови, којшто се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови, во вториот квартал од 2026 година бележи раст. На квартална основа, цените на недвижностите забележаа раст од 5,5%, а годишниот раст и натаму забавува и изнесува 13,3%, наспроти 16,6% во претходниот квартал – се посочува во нивната објава.







