Центарот на Скопје блокиран за сообраќај

Километарски колони на возила кај трговскиот центар „Рамстор“ – вака изгледа центарот на Скопје попладнево.

Причината е што поради протест на вработените во Управата за матични книги блокиран е дел од центарот за сообраќај, токму во период кога сите се враќаат од своите работни места кон дома.

Како што и најавија штрајкувачите, се протестира пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани улиците од 15 до 17 часот.

Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.

Back to top button
Close