Центарот за култура во Кичево со онлајн-активности ќе го одбележи Денот на книгата

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево со онлајн-активности ќе биде одбележан Светскиот ден на книгата – 23 Април, со финансиска поддршка од 10.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура за 2021.

Директорот на оваа националната установа Мазлам Османи изјави дека течат подготовките за организација на одбележувањето на Светскиот ден на книгата на кое, како што рече, ќе бидат поканети да учествуваат ученици од основните училишта од градот, како и писатели кои преку краток видеоматеријал ќе пратат порака за важноста на книгата.

За да нема масовно собирање поради пандемијата, активностите ќе се пренесуваат на фејсбук-страницата на Центарот за култура „Кочо Рацин“.

Првиот онлајн-пренос на Фејсбук Центарот за култура во Кичево го реализираше на одбележувањето на годишнината на Литературниот клуб „Китка“ на почетокот на март.

Back to top button
Close