ЦЕНТКОМ: Успешна е поморската блокада на Иран

Централната команда на САД (CENTCOM) денеска објави дека 67 комерцијални бродови се пренасочени во Ормуската Теснина како дел од блокадата на иранските пристаништа.
„Од 20 август, американските сили пренасочија 67 комерцијални бродови, онеспособија три и се качија на два што беа на пат кон или од иранските пристаништа за да ја спроведат нивната обновена поморска блокада“, се вели во соопштението на CENTCOM објавено на својата X платформа.
Портпарол на CENTCOM изјави за Ал Џезира дека американската војска го олеснила преминувањето на 1.300 бродови низ Теснината од почетокот на мај.
САД воведоа поморска блокада на иранските пристаништа, како и придружба за бродови што пловат кон други дестинации, откако Иран воведе блокада на Ормуската Теснина, низ која минува една четвртина од светската нафта и гас.






