Централната банка на Белгија предвидува пад на економијата од девет отсто годинава

– Белгиската економија, според прогнозата на Централната банка на земјата, ќе изгуби три години економски раст поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19“.

Како што е објаснето во денешното соопштение на белгиската централна банка, економското закрепнување во 2021 и 2022 година нема да може да го компензира предвидениот пад за оваа година.

Централната банка на Белгија информира дека бруто домашниот производ на шестата најголема економија во еврозоната ќе падне за 9,0 проценти оваа година, проследено со раст од 6,4 проценти следната година, и 2,3 проценти во 2022 година.

Back to top button
Close