Cеверна Македонија – Патот кон Европа, но не со говор на омраза
Градењето стабилна, демократска и праведна држава не е одговорност на една заедница, туку е заедничка мисија на сите нејзини граѓани – без оглед на етничката припадност или религијата. Северна Македонија е богат културен и етнички мозаик, каде што Македонците и Албанците ги сочинуваат двата главни столба, заедно со други заедници како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Србите, Власите и другите. Во оваа реалност, градењето на државата мора силно да се темели на соживот, еднаквост и меѓусебна толеранција. Прво, мора да прифатиме дека нашите разлики не се пречка – тие се вредност. Различните јазици, култури и традиции не треба да бидат причина за поделба, туку предност што нè обединува. Ова бара добра волја, меѓусебно почитување и институции што гарантираат вистинска еднаквост во сите области: образование, вработување, политичко претставување и јавни услуги. Државата е силна само кога секој граѓанин се чувствува претставен и третиран со достоинство.
Во овој дух, можеме да ја споменеме моќната изјава на Адем Демачи, Мандела на Косово и Балканот, – симбол на мирниот албански отпор – дадена во Белград по бомбардирањата на НАТО: „Дојдов тука не како Албанец, туку како човечко суштество. Сакам и српската страна да размислува како луѓе, не само како Срби. Бидејќи кога размислувавме само како Албанци или само како Срби, бевме убиени и крваревме.“
Оваа универзална порака, која ги надминува етничките граници, треба да биде водич за нашите политичари – Македонци, Албанци, Турци, Босанци, Срби, Роми, Власи и други. Без меѓусебно прифаќање и без почитување на правата на едни со други, нема функционална држава, туку само тензија,назадаување и изолација. Срамно и крајно примитивно е скандирањето со навреди и пцовките во трибините на кошаркашкиот натпревар во Куманово,како на пример ,,Смрт на шиптари,bгасни комори за шиптари,, пред очите на највисоките државни финкционери.
Ваков средновековен менталитет и националистичко однесување му наштетува на спортот,нна соживотот и угледот на држават пред меѓународната заедница.
Албанците се неразделен дел од оваа земја – „ден баба ден“од памтивека ,,уште од илирско-римско време – и отсекогаш биле конструктивни, лојални и придонесувачи на државата. Албанија и Косово за разлика од други соседи кои негират, ја признаваат Северна Македонија како држава, без никакво двоумење, ја признават Македонската нација, македонскиот јазик и нејзината црква и отсекогаш биле кооперативни.
Сепак, загрижувачки е што навреди се користат во училишните учебници, а во некои официјални публикации и во Македонската енциклопедија од страна од Академијата на науките и уметностите каде што Албанците се претставени како имигранти, дошлаци од Азија, Черкези или Монголци – неприфатлив и навредлив став за нашата социјална кохезија и соживот. Исто така, концептот „20% без име“ во нашиот Устав е отворена навреда за Албанците, што значи дека ние сме народ од 20% без име. Европа нема да прифати држава која покажува таков примитивен начини на размислување. Или да молиме, можеме ли да вработиме 20, 30 Албанци, или максимум 3, 4 унапредувања во администрација затоа што Министерството за финансии не дава согласност, па секој пат треба да бидеме просјаци. Како што рече хрватскиот кардинал Фрањо Кухариќ: „Кога ќе умреме, Бог нема да нè праша која нација или религија сме припадале, туку дали сме си наштетиле едни на други“. Оваа порака е од суштинско значење за секое општество кое се стреми кон правда, цивилизација, мир и демократски развој. Аристотел еднаш рекол: Го сакам Платон, но повеќе ја сакам вистината.
Образованието на новите генерации игра клучна улога во градењето на оваа држава. Клучна улога во градењето на оваа држава игра образованието на новите генерации. Училиштата мора да станат центри каде што се негуваат толеранција, разбирање и соработка. Македонските и албанските деца мора да научат да живеат и да работат заедно – да градат мостови на комуникација што ги елиминираат наследените предрасуди и да живеат со достоинство во отворено општество. Но, коегзистенцијата бара повеќе од толеранција – таа бара искрена и континуирана соработка.
Сите – Македонците, Албанците и другите етнички заедници – мора да работат заедно за економски развој, за длабоки демократски реформи и за интеграција во Европската Унија. Возовите за Брисел поминуваат – ние сè уште не сме стигнале до станицата. Албанија и Црна Гора се веќе во претсобјето на ЕУ, додека ние сè уште продолжуваме да талкаме во магла. Како што рече големот државник Винстон Черчил: „Политичарите размислуваат за следните избори, државниците размислуваат за иднината, за благосостојбата на идните генерации“. Ни требаат политичари, пратеници, министри, државници кои размислуваат за децата на оваа земја, за младите, за просперитетот на дршавата а не за тендерите или за следните избори. Како заклучок, градењето држава не е привилегија, ексклузивност или должност на една заедница, во овој случај само на Македонците, туку заедничка одговорност на сите граѓани – на сите даночни обврзници кои ја оддржуваат оваа држава. Соживот и толеранцијата не се само политички слогани – тие се најдобрата гаранција за силна, просперитетна и меѓународно почитувана Северна Македонија. Македонците и Албанците, како два главни столба на оваа градба што ја нарекуваме наша заедничка земја, заедно со другите заедници, можат и мораат да ја градат оваа држава врз темелите на почит, искреност, демократија и целосна еднаквост – без измама. КОНКОРДИЈА ПАТРИАМ ФИРМАТ.
ДАИМ ИЛАЗИ