Чаир ќе биде лидер во искористување на европските фондови, вели Меџити

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денеска најави дека проширувањето на буџетските извори преку европските фондови, особено преку програмата „Horizon Europe“, е реална можност за одржлив развој и модернизација на општината.

На денешната прес-конференција, придружуван од неговиот советник за финансии и буџет, Бујамин Бела, Меџити рече дека приоритет на неговиот тим е токму разновидност во буџетската структура и обезбедување нови извори на финансирање со цел зголемување на капиталните инвестиции и долгорочните развојни проекти.

Од денешната прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити / Фото: Принтскрин
„Наш приоритет е да создадеме разновидност во буџетската структура и изворите на финансирање, со цел да ја зголемиме можноста за капитални инвестиции и долгорочни развојни проекти. Во оваа насока, постојано истражуваме различни начини на финансирање, со јасна цел, да изградиме поразвиен, иновативен и конкурентен Чаир“,вели тој.

Според него, според досегашните податоци, С Македонија има добиено него само околу 12 милиони евра од програмите на „Horizon Europe“, што претставува само 0,03 отсто од вкупно достапните средства.

„Овој податок јасно покажува дека има голем простор за напредок и време е општините, особено Чаир, да преземат поактивна улога во оваа насока“,
кажа Меџити.

Чаир, според него, ќе следи нов пристап во развојот, преку аплицирање за проекти што носат повеќе инвестиции, работни места и поквалитетни услуги за граѓаните, користејќи ги европските фондови и меѓународната соработка.

„Нашата цел е јасна и амбициозна – Чаир да стане лидер-општина во искористување на европските фондови во државата. Заедно со посветеност, транспарентност и знаење ќе го изградиме Чаир на иднината, зелен, дигитален и иновативен“,
рече кандидатот за градоначалник на Чаир.

Меџити претстави четири приоритети на неговата програма за развој на општината, а тоа се Енергија и енергетска ефикасност; Зелена транзиција и управување со отпад; Дигитализација и информатички технологии и Иновации и научно истражување.

Back to top button
Close