Чаир и Сарај го бојкотираа состанокот на ДУИ, причина позициите на Груби и Османи

Двете кандидатури за министри од редовите на ДУИ од Скопје, таа на Артан Груби и Бујар Османи предизвикаа бројни реакции во партиските структури на ДУИ во скопските ограноци. Како знак на револт, скопските ограноци на ДУИ, Сарај и Чаир не учествуваа на состанокот на Генералниот совет, каде беа назначени новите министри.

Извори за албанските медиуми од ДУИ во Чаир и Сарај велат дека има големо незадоволство од нивното назначување без консултација со кој било огранок на ДУИ во Скопје.

-Ако Артан Груби и Бујар Османи имаат политичка совест и морал и ако ги почитуваат гласачите на Скопје, треба да си дадат оставки. Незадоволството и реакциите се големи и бројни, од структурата и од партиските активисти. Ова сериозно му штети на ДУИ и ги демотивира политичките активисти во Скопје. Оние што ја спроведоа изборната активност и кои беа избрани не беа земени предвид за консултации. ДУИ-Чаир и ДУИ-Сарај ги повикуваат Груби и Османи да ги почитуваат гласачите и политичките активисти да рефлектираат и да ги одбијат овие функции, велат извори од скопскиот огранок на ДУИ за албанските медиуми.

Носител на листа во првата Изборната единица беше Изет Меџити, а после него беше Др. Арбен Зибери, каде ДУИ собра 19.600 гласови, додека на ниво на Скопје ДУИ освои вкупно 30 000 гласови.

Back to top button
Close