Чакаровски: Прекината блокадата на железничкиот сообраќај

Машинскиот и извршниот персонал при МЖ Транспорт попладнево ја прекинаа блокадата на железничкиот патнички и товарен сообраќај откако им беше исполнето барањето за исплата на вториот дел од платата за септември, потврди за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.

Чакаровски информираше дека е донесена одлука која е проследена до раководството на железничкото претпријатие, а според која, доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец,  повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден. Исто така, и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, а во спротивно, како што рече Чакаровски, нема да работиме веќе од наредниот ден.

Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера изутрина и воопшто не сообраќаа патничките и товарните возови.

Back to top button
Close