Чаурата од пиштолот со кој е убиен Панче Жежовски во кесичка покажана во судот

Судијата Ивица Стефановски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ја покажа чаурата од пиштолот со кој на 22.11 2023 година е убиен 74-годишниот велешанец.

Чаурата во кесичка беше презентирана пред јавноста и таа треба да биде вештачена, како што најави одбраната на обвинетите.

Досега е познато е дека чаурата е од пиштол со калибар од 9 мм, но не се знае каде е пиштолот. Судот не го бараше пиштолот со кој во слепоочницата бил убиен Жежовски, а еден од обвинетите, Боре Видевски кој поседувал оружје со дозвола на претходните рочишта изјави дека не се сеќава каде му е пиштолот. (Република)

Back to top button
Close